Министерството за транспорт и врски денеска објави нов јавен повик за доставување барања за доделување финансиска поддршка на нискобуџетни авиокомпании. Повикот ќе трае до 21-ви следниот месец, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања на стартот на реконструкција на патниот правец Драчево-Јурумлери
Фирмите и земјоделските задруги ќе можат до 14 јануари да аплицираат за новиот повик од ИПАРД 2 програмата преку кој ќе обезбедат финансиски средства за отворање на нови или осовременување на постоечките капацитети за преработка на млеко, месо, овошје, зеленчук, житарици и нивни преработки.
Полн буџет, висока наплата на приходите во ноември со двоцифрена стапка на пораст, како и редовност кај повратот на ДДВ кој во првата половина од 2018 година е 40 проценти, се резултатите од работењето на Управата за јавни приходи, претставени на одбележувањето на Денот на даночниците – Свети Матеј.
Германската компанија за автомобилски компоненти „Костал“ во својот производствен капацитет во Охрид планира во наредната календарска година да вложи дополнителни 18 до 20 милиони евра во нови производствени линии, а бројот на вработени во фабриката од сегашните 322 да достигне над 500.
Претставници на микро, мали и средни претпријатија денеска во Скопје ќе ги дадат своите предлози и сугестии за измените на новиот Закон за инспекциски надзор.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта денеска ќе извршат увид во реконструкција на регионалниот пат Драчево-Јурумлери во должина од четири километри.
Делегација на Стопанската комора на Македонија денеска во Атина ќе учествува на еднодневен бизнис форум и и билатерални средби со грчки стопанственици. Бизнис форумот го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со Атинската трговско-индустриска комора во насока на интензивирање на економската соработка меѓу двете држави.
Сите фармери кои одгледуваат овци, кози, или говеда од денеска може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка за плата на овчарите, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на собраниската седница.
Медијаторство на Владата меѓу ЕВН и граѓаните кои имаат стари долгови за струја заклучно со 2006 година најави попладнево премиерот Зоран Заев на собраниската седница за пратенички прашања.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски учествува на регионалната конференција „Innovation Talk 2018" што се одржува во Белград.