Близу милион и четиристотини илјади граѓани и над 100.000 компании имаат обврски по основ на кредити, акредитиви, заеми, обврски, по основ на неплатени сметки од јавните комунални преторијатија, телекомуникации даноци, продонеси а кои се во базата на Македонското кредитно биро. Од наредната година ќе биде вклучен и податокот за блокирана сметка, а ќе почнат и со изработка на кредитно рангирање, како и вклучување на обврските што некое физичко лице или претпријатие ги има кон општините.
Најголемите огласувачи во Македонија во своите адвертајзинг буџети за наредната година да го зголемат делот предвиден за огласување преку домашните веб портали, бара Борис Ефтимовсаки, претседателот на ИАБ Македонија, која е дел од интернационалната мрежа IAB Worldwide со седиште во Њујорк, која преставува најголема глобална мрежа што ги обединува медиумите, маркетинг агенциите и огласувачите со цел развој на онлајн огласувањето.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален ИПА координатор (НИПАК) и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев го предводеа денешниот состанок на Националниот Инвестициски Комитет во полн состав, во кој покрај владините претставници беа вклучени и најголемите донатори на странска помош за големите проекти во Македонија.
-Како резултат на новиот Закон за енергетика имаме отворен фронт за инвестиции на повеќе дејности кои треба да се спроведат во енергетскиот сектор…. Македонија е енергетски лимитирана земја и производството на електрична енергија во иднина може да се подобри само од обновливи извори на енергија (ОИЕ).
Предлог-буџетот за 2019 година од денеска е на расправа пред матичната Комисија за финансирање и буџет, која според Деловникот може да трае 10 работни денови. Предлогот пред членовите го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски.
Повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на наелението, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда и зачленување во ЕУ, се приоритетите за наредната година што се потврдени во Предлог-буџетот на РМ за 2019 година.
Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска на годишната конференција за европска економска интеграција во Виена порача дека долгорочен економски раст може да има само со здрави структурни политики.
Неодржлив е начинот на кој земјите од регионот во моментов се трудат да ги привлечат странските инвеститори. Нудат ниски давачки, евтина работна сила и државна поддршка со што, практично, си конкурираат меѓу себе.
Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска истакна дека Сојузот е активно вклучен во процесите за спроведување на структурните економски реформи во земјата, а во таа насока и РИРА агендата треба да донесе видливи економски резултати во блиска иднина.
Во Собранието почна расправата по Предлог-буџетот на Република Македонија за 2019 година, кој е на дневен ред во матичната Комисија за финансирање и буџет.