Скопскиот регион има најголемо учество во бруто домашниот производ во Република Македонија, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.
Македонија е еден од главните столбови на економската стратегија на Германија, германските компании сакаат да дојдат тука, но мора да се инвестира во образованието за да се обезбедат доволно квалификувани кадри, рече директорот на Одделот за проширување на ЕУ во германското Министерство за економија, Хелге Толксдорф на денешната прес-конференција во Владата.
Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) испратија официјален допис до Министерството за земјоделство со кој бараат да се поттикне дискусијата и решавањето на проблемите што ги засегаат микро, малите и средните претпријатија од земјоделскиот бизнис сектор.
Фондот за иновации не одговори на транспарентноста и отчетноста што ја ветуваше, и сега ќе треба да сериозно да се бави со тоа како ќе ја врати довербата, сметаат работодавачите.
За да се поправи деловната сфера македонското стопанство мора да креира долгорочна стратегија каде сака да биде за дваесеттина години на пример. Ова е пораката на генералната директорка на „Завар“ Марта Наумовска Грнарова во емисијата „Во светот на бизнисот“ на Алфа.
Генералниот Совет на Светската Коморска Федерација (World Chamber Federation) со седиште во Париз, го објави назначувањето во раководството на Данела Арсовска. Своето прво обраќање Арсовска го имаше на денешната седница која се одржа во Дубаи со што во раководството на највисоките позиции од 1919 година од 12.0000 комори од целиот свет таа е прв претставник од Република Македонија.
На подготвителната седница на РКЕ ќе се разгледуваат Предлог – решенија за утврдување тарифи на водни услуги во Валандово, Богданци, Крива Паланка, Василево, Конче и Новаци.
Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев заедно со директорот на Дирекцијата на ТИР зоните Александар Младеновски и економскиот владин тим денеска остварија работна средба со претставници на германски компании од Бизнис асоцијација на Источна Германија.
Прилепскиот тутунски комбинат денеска ја почна исплатата на откупениот тутун. Комбинатот го почна откупот во понеделникот на градскиот пункт, а од вчера откупува на уште 24 пункта низ земјава.
Mинистерот за финансии Драган Тевдовски и тим од Министерството денеска одржаа состанок со економската делегација на „Источниот комитет на Источно – европската асоцијација на германската економија" предводена од генералниот директор, Мајкл Хармс. На состанокот беше оценето дека за засилување на присуството на германските компании во Македонија е потребно постоење на квалификуван кадар.