На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ попладнево слета првиот авион на компанијата „Визер“ со 161 патник на новата редовна авионска линија од Виена.
Таа појасни дека изминатата година планот бил одличен, а во следната година креираат мерки кои што ќе бидат и иновативни и ќе дадат директно ефект во можноста фирмите да ги апсорбираат тие што тие ги подготвуваат за пазарот на труд.
За железничка инфраструктура со буџетот за следната година се планира да бидат потрошени 3,4 милијарди денари, како и да се реализираат за 80 проценти повеќе активности за гасификација.
Над 100 милиони евра проекти во енергетиката од приватни инвестиции е очекуваниот импакт врз економијата следната година. Владата најавува дека на почетокот на 2019. ќе биде распишан тендер за минимум 100 мегавати инсталирани капацитети во фотоволтаици.
Вкупната вредност на договорените работи на македонската градежна оператива во странство во периодот јануари-септември годинава изнесува 1.207.941.000 денари што е за 40.3 отсто помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Проектираниот економски раст од 3,2 процента следната година со сигурност ќе се реализира, откочени се крупните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, а покрај нив сериозни активности се очекуваат и со интензивирање на гасификацијата , како и инвестиции во енергетиката.
На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, денеска во Медиа центарот на Владата ќе одржи конференција за медиумите во врска со предлог буџетот за 2019 година.
Економска година и пресвртница во економијата најавува Владата со скроениот Предлог-буџет за 2019 година што неделава беше усвоен на владина седница. Предлог-буџетот е испратен до Собранието каде се очекува да почне расправата на 28-ти овој месец.
Треба само да се охрабрите и да почнете сопствен бизнис, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на информативна сесија за можности за започнување на сопствен бизнис и поддршка на мали и средни претријатија, старт-ап и спин-оф компании во Иновативниот центар на Факултетот за електротехника и информатички технологии во Скопје.