Околу 35 отсто повисоки трошоци за плати и 50 проценти повеќе за другите давачки ќе предизвика прогресивното оданочување што го најави Владата, покажале првичните пресметки на некои од компаниите – членки на Стопанската комора на Македонија.
АД МЕПСО склучи договори со пет компании избрани на меѓународни тендери согласно со процедурите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на четири далекуводи и модернизација на осум трансформаторски станици во преносната мрежа. Станува збор за девет инвестициски проекти во вкупна вредност од 18 милиони евра што ќе се реализираат со кредитната линија на ЕБОР земена во 2013 година.
АД МЕПСО потпиша девет договори за инвестиции во преносната мрежа вредни 18 милиони евра што ќе се финасираат со заемот во износ од 23 милиони евра што е земен од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во 2013 година.
Една третина од индустриското јаболко е откупено по воведувањето на новата интервентна субвенција за производителите на јаболка која предивудва оние кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи кои вршат извоз, да добијат субвенција од три денари за килограм предадени јаболка.
Регулаторната комисија за енергетика денеска на подготвителна седница ги разгледува правилата за доделување прекугранични преносни капацитети помеѓу Република Македонија и Република Бугарија и помеѓу Република Македонија и Република Србија.
Иницијативата за воведување прогресивен данок е исклучително добра, фер и праведна и ќе гарантира фер и праведно општество за сите, оцени денеска премиерот Зоран Заев.
Почна рокот за поднесување барања за финансиска поддршка од еден денар за произведено и продадено грозје од сортите „вранец“ и „смедервка“ во регистриран капацитет за производство на вино во Македонија, соопшти денеска Платежната агенција.
Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи вонредна седница за најавеното прогресивно оданочување и ефектот од оваа мерка врз работењето на деловните субјекти.
Договори за нови инвестиции во преносната мрежа со која управува АД МЕПСО ќе бидат потпишани денеска во Владата.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница ќе ги разгледа Правила за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем во Република Македонија за 2019 година.