Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) регулира, контролира и мониторира бизнис од 2,5 милијарди евра на годишно ниво, но нема никакво влијание врз малопродажната цена на нафтата и нафтените деривати. Нити има вина кога се зголемува, ниту, пак, има заслуга кога поевтинува цената, оценува претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.
Со воведувањето на праведен, прогресивен данок во Македонија ќе се обезбедат дополнителни средства за воведување на минимален гарантиран приход. Со ова, најдоходовните граѓани ќе им помогнат на ранливите категории на граѓани, се наведува во денешното соопштение од Министерството за финансии.
Владата го најави воведувањето на прогресивното оданочување, реформа која беше дел од предизборните ветувања, а со која сака да ја исправи социјалната неправда и да овозможи секој граѓанин да има еднаква шанса и можности за подобар живот.
Од прогресивниот данок најголема добивка ќе има државата, вели даночниот експерт Павле Гацов во интервју во вестите на телевизија Телма.
Оваа година за разлика од претходните во законскиот рок се исплатени 95 отсто од субвенциите, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто Љупчо Николовски денеска во село Сарамзалино каде врачи десетина договори на индивидуални земјоделци од светиниколскиот регион.
Министерката Царовска денеска на заедничка прес-конференција во Владата со министерот за финансии Драган Тевдовски ги презентираше реформите во пензискиот систем кои ќе овозможат праведна и стабилна исплата на пензиите и негова одржливост за 50 години од денеска.
Владата воведува прогресивен данок, а како праг на одданочување ќе се зема приходот од 90 илјади денари за што ќе се плаќа дополнителен данок од осум проценти.
Влезот на Македонија во НАТО ќе значи уште посилен импулс за бизнисот, поради што и очекувањата за побогата и поинтезивна соработка се сѐ пореални, како и продолжување на инвестицискиот циклус, помеѓу Обединетото Кралство и Македонија, заклучиле на денешната средба министерот за економија Крешник Бектеши со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј.
Народната банка на Република Македонија е кредибилна и независна институција чии проекции не би сакал да ги коментирам, но важно е што немаме значителни разлики во позитивните проекции за забрзување на растот во 2019 и 2020 година, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
Дополнителни 187 милиони евра ќе чини изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Со новиот трет анекс на договорот со изведувачот на градежните работи кинески „Синохидро“, што го усвои денеска на седница Владата по едногодишни преговори, се утврдени дополнителните финансии со кои на терен се најавува интензивирање на градежните работи за автопатот во должина од 57 километри.