Македонија е рангирана на второ место на листата на реномираниот глобален магазин Сајт Селекшн за најдобри инвестициски дестинации во светот.
Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонската берза. Тие ќе станат достапни и за странските институционални инвеститори, а зголемената побарувачка ќе придонесе да се намалат каматите за државата. Ова, како што соопшти Министерството за финансии, го најави министерот за финансии Драган Тевдовски на шестиот Ерсте инвеститорски појадок.
Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања.
Најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој за растот на македонската економија за годинава е два отсто. Во извештајот за економските перспективи, ЕБОР за 2019 година предвидува раст на БДП од три проценти.
Со слетување на авионот на „Ејџиан ерлајнс“ вечерва на Скопскиот аеродром по повеќе од 10 години е возобновена авиолинијата Атина – Скопје.
Претставниците на билатералните комори во Македонија, Советот на странските инвеститори, со присуство на партнери, економски советници од Холандската и Британската амбасада, денеска се сретнаа со цел да разменат информации за нивните активности и фокуси во изминатиот период.
Македонски вина се служеа на хуманитарниот настан што се одржа минатата недела во Њујорк во организација на познатата модна дизајнерка Дона Каран и Фондацијата „Urban Zen“.
Фондот за иновации и технолошки развој подготвува протокол согласно кој ќе постапува во случаи кога за средства ќе аплицираат компании кои изјавиле дека имаат поврзаност со носители на јавни функции.
Корекција за растот на македонската економија од 3,2 на 2,3 проценти направи Народната банка на Република Македонија во есенската ревизија на макроекономските проекции споредено со проекциите во април. Покрај завршување на годината со раст од 2,3 проценти, за следната година НБРМ прогнозира раст од 3,5 проценти, а за 2020 година од 3,8 проценти.
„Фокусирај се на важното“ е насловена едукативната кампања со која ќе се подигнува свесноста и информираноста кај населението за работата на пензиските друштва и предностите од направената пензиска реформа, со фокус на работата на вториот задолжителен пензиски столб.