Министерот за економија Крешник Бектеши денеска и утре ќе учествува на економската конференција „Балкан и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес“, која се одржува во Будва – Црна Гора.
Централниот регистар на Република Македонија одбележува 16 години постоење. По тој повод ќе биде организирана и дводневна работилница (Regional workshop> registers – talking regional, thinking global oд Централен регистар, Регистарот за бизнис регистри на Рeпублика. Србија и Европската банка за реконструкција и развој – ЕБРД.
Средствата што државата ги дава за Фондот за пензискo и инвалидско осигурување за редовна исплата на пензиите постојано се зголемуваат, иако податоците покажуваат дека низ годините се зголемува бројот на корисници на пензија, но и бројот на вработени.
Пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ, која е еден од предлагачите во образложението на законското решение напомена дека ова е закон со кој се регулураат правата на стечајните работници.
Владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска до 26-ти овој месец учествува на настаните во рамките на „Конференција за економија: Балканот и Европската Унија-Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва, Црна Гора .
Според информациите станува збор за „Европа“ и Фершпед. Се очекува бројот на лиценцирани економски овластени оператори да достинге 150.
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Царинската управа на Република Македонија го промовира концептот на овластен економски оператор (OEO).
Со влезот во НАТО се очекува стабилизација на пазарот на недвижности, но и зголемување на цената на становите. Градежните компании велат дека е неминовно да се зголеми цената на становите со оглед на тоа што веќе има зголемување на цената на градежните материјали.
Со договорот Република Македонија како држава се обврзала да применува методологија која е составен дел од тој договор во анексот „Д“, за определување на цената на нафтата и нафтените деривати, односно бензинот и дизелот.
Во Собранието на Република Македонија следната недела почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2018 година. Во понеделник е закажана седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет. Согласно деловникот на Собранието во Комисијата трае 10 работни денови.