„Онлајн“-трговијата во Македонија е во зачеток, бројот на компании и маркети кои директно ги пласираат своите производи и услуги преку интернет е се уште мал. Во светски рамки, пак, продажбата на далечина е се по застапена и прифатена од крајните потрошувачи, секоја година е се помасовна, а обртот на средства преку „онлајн“-трговијата е се поголем.
Во Македонија не недостасуваат млади и образувани луѓе, недостасуваат млади и едуцирани луѓе со претприемачки дух, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, вечерва дебатата на тема „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во Европската Унија и НАТО“.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата премиерот Заев изрази поддршка, од лично и од име на Владата за ентузијазмот и активизмот, кој, рече, е силна порака за солидарност, помирување и споделување, не само декларирана туку и манифестирана на дневно ниво.
Пред силосите во Прилеп каде се откупува пченица за државните стокови резерви, дел земјоделци реагираа дека се купува увезена пченица од Србија, а не домашниот вишок што, како што велат, стои во амбарите.
Фондот за Западен Балкан, што првата инклузивна и регионална меѓудржавна организација на Западен Балкан, на 1 ноември ја одбележува својата прва годишнина од отворањето на канцелариите на Секретаријатот во Тирана.
Директори на шест царински администрации од Западен Балкан одржаа неформален регионален состанок посветен на законските аспекти за дефинирање на рамка за безбедна размена на информации според усогласени стандарди и методи, преку назначени контакт лица на ниво на секоја царинска управа.
Локалните и централната власт да не го опструираат бизнисот, да ги почитуваат законските и административните постапки, наместо да ги менуваат одлуките и деталните урбанистички планови преку ноќ, апелира денеска Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).
Жељко Топиќ, заменик претседател на Европскиот патентен завод смета дека воспостувањето на национален систем култура за интелектуална сопственост е значајно за растот на националната економија, заснован врз знаење и иновативност.
Раководителите на деловните субјекти во трговијата на големо оценуваат дека економската состојба во третото тромесечје од оваа година е понеповолна во однос на претходното и во однос на третото тромесечје од минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Македонските деловни субјекти во текот на 2017 година оствариле за 6,4 проценти поголем промет и за 4,8 проценти зголемена додадена вредност во однос на претходната година, објави Државниот завод за статистика.