Како што беше истакнато на средбата што ја иницираше МАТТО, трговската размена со Турција до крајот на годината ќе се зголемува, но долгорочно растот ќе зависи од зголемувањето на турските инвестиции во Македонија.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека досега нема добиено нотификација за небезбедна пратка сурими ракчиња по потекло од Јапонија. Според Системот за евиденција на влез и транзит на пратки од животинско потекло на Агенцијата за храна и ветеринарство, увоз на ваков вид производ од Јапонија не е извршен.
Македонија и Шведска имаат исклучително позитивни и пријателски политички односи, што претставува широк потенцијал за соработка и на двете економии. Ова го истакнал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со Карл Јохан Хедберг и Един Чолак, претставници на „Бизнис Шведска“, чија улога е да ги истражат и промовираат бизнис потенцијалите за шведските компании.
Владата на Република Македонија денеска на седница ќе расправа за пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи извори во проекти за наводнување.
„Wizz Air“ најави дека рачниот багаж во авионите кој сакате да го качите со вас горе ќе се плаќа. Така нискотарифниата авиокомпанија ги следи стапките на својот главен конкурент Ryanair. Според компанијата новото решение ќе го направи качувањето на патниците во авионот побрзо.
Кај македонските компании се зголемува свеста и интересот за стандардизирање на производите и услугите. Примената на стандардите ги отвора пазарите, ја јакне конкурентноста, но придонесува и за заштита на околината, сигурноста, безбедноста, здравјето, пристапот до информации и знаењето, беше речено на денешната прес-конференција во Министерството за економија по повод 14 Октомври, Светскиот ден ма стандардизацијата.
Корупцијата како тема е застапена во медиумите, но известувањата за овој феномен најмногу се врзани за просто пренесување за актуелни настани. Доминира неутрален тон и вести кои се базираат на еден или два извора. Се покриваат актуелни настани поврзани со корупцијата, помалку се посветува внимание на минати настани, корупцијата не се следи длабински и во континуитет.
Царинската управа во текот на изминатата недела открила повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се запленети марихуана, цигари, облека, парфеми и друго.
Ова практично е решението и помошта за решавање на енергетските проблеми во Република Македонија, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев пред потпишување на меморандумот за соработка меѓу Проектот на УСАИД за развој на регионални енергетски пазари со Владата и со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Во Македонија имаме зголемување на иновативните активности кај малите и средните претпријатија и сме во рамки на просекот на ЕУ. Фокусот е ставен на малите и средни претпријатија без да се земат предвид и микро претпријатијата. Заостануваме прилично многу од европскиот просек во делот на инвестициите во иновации, истражување и развој.