Ако политичката ситуација се продлабочи и има предвремени парламетарни избори, бизнисот ќе страда, нема да се реализираат планираните инвестиции, ниту ќе се оди на освојување нови пазари, предупредија денеска текстилците.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од полноќ се зголемуваат за 1,00 односно 1,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Сите заинтересирани млади лица од 18 до 25 години, државјани на Република Македонија уште денеска имаат можност да аплицираат за учество на обука за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини, организирана од Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претмприемаштвото.
Меѓународна конференција InnoDays - Иновации, контекст, соработка и капацитети во Балканско Медитеранската област ќе се одржи денеска во Скопје. Конференцијата е дел од проектот InoPlatform финансиран од Европската Унија и се имплементира во пет земји од Балканско-Медитеранската област.
Меморандуми за соработка ќе бидат потпишани денеска меѓу Владата на Република Македонија, Министерството за економија и УСАИД, како и меѓу Регулаторната комисија за енергетика и УСАИД, а во врска со „Проектот за поддршка на реформите во секторот енергетика во Македонија“.
Во изминатава година приватниот сектор по првпат ја повлече економијата и е носител на растот, оцени денеска министерот за финасии Драган Тевдовски.
Автопатот Скопје-Блаце ќе се прави преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и реабалансот на Буџетот воопшто нема да влијае врз динамиката на изградба, бидејќи ЈПДП од 2013 година не е буџетски корисник.
Ревидирање на проекцијата за раст на БДП на 2,8 проценти, задржување на буџетскиот дефицит на 2,7 отсто и намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто, предвидува Предлог-ребалансот на Буџетот за 2018 година, што го донесе Владата на вчерашната вонредна седница.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска, како што информираат од НБРМ, одржала состаноци и со раководителите на неколку дирекции на ММФ, вклучувајќи ги дирекциите за статистика, за монетарни и капитални пазари и за фискални работи.
Со измените и дополнувањата што ги предлага Владата да бидат усвоени од страна на Собранието, извршено е ревидирање на приходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година за незначителни 0,5 отсто надолу, односно за 1 милијарда денари.