Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска едногласно даде поддршка за предлог законот за отпис на капати од долгови на граѓаните кон претпријатија кои извршуваат јавни и комунални услуги.
Во периодот јануари - август 2018 прометот во индустријата е зголемен за 12,1 отсто во однос на истиот период во 2017 година. Прометот покажува зголемување за 10,1 процент во август 2018 година во однос на август 2017, додека во однос на јули 2018 бележи намалување од 2,9 отсто.
За 15 отсто е зголемен бројот на туристи во периодот јануари - август 2018 во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Македонија е прва земја во регионот што ќе воведе гарантиран минимален приход. Одржлив раст може да се постигне само преку вложување во подобар живот за граѓаните, односно преку подобар систем на социјална заштита, рече министерот за финансии Драган Тевдовски во обраќањето на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Индонезија.
Комитетот за одобрување инвестици се уште не одлучувал по четирите апликации на фирмите во чија сопственичка структура има и владини функционери. Тоа ќе го стори веднаш по усвојување на протоколот за проценка на ризик што веќе се изготвува, а деновиве треба да биде и презентиран, соопшти денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Депостовски.
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ има обраќање на панел на кој учествуваат и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Анхел Гурија.
Очекуваниот просечен работен век во Македонија изнесува 32 години, покажуваат податоците од анализите на Еуростат.
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе има обраќање на настан од високо ниво во рамки на Годишните средби на Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Настанот ќе го отвори генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. На панелот на кој ќе се обрати Тевдовски ќе говори и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Анхел Гурија.
Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во Индонезија.
Вкупно 16 производители од повеќе градови низ Македонија учествуваат на 18. Д енови на мед во Куманово. Манифестацијата се одржува на градскиот плоштад, а ја организира здружението „Пчела“ - Куманово.