Потенцијалите на економската соработка, особено во земјоделството и производството на храна, како и интересот на нашата земја за проширување и унапредување на соработката во сферата на енергетиката се приоритети кои премиерот Зоран Заев ги издвоил на денешната средба со новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин.
АД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 19.080 MWh, за вкупна сума од 1.621.956 евра.
Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2018 година, во споредба со август 2018 година, е зголемен за 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Предвидувањата на Светската банка за намалување на проектираната стапка на раст на македонската економија за тековната година за вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев треба да се гледаат и во контекст на политичките случувања во Македонија.
Откривање на препреките и можностите за развој на женското претприемништво преку подобрување на едукацијата е целта на тркалезната маса „Едукација - линк со претприемништво“ што денеска се одржува во Скопје во рамки на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“ (WE-Contribute).
Со третиот анекс на договорот за изградба на автопатската делница Охрид – Кичево, што е во завршна подготовка ќе бидат дефинитивно разрешени сите дилеми и проблеми околу градежните активности на трасата. Ќе се направи јасна динамика по која ќе се изведуваат градежните активности на патот, како и експропријацијата на имотите на граѓаните.
Воспоставување заеднички регионален пазар од над 20 милиони ќе го направи регионот поконкурентен, но и секоја од државите поединечно. Обединет пазар значи нови работни места, намалување на трошоците, побрз проток на стоки и луѓе и повеќе инвеститори во Западен Балкан.
Академик Петрески во своето обраќање посочи бројни забелешки за институциите на државата, за искуствата од реформите, за потенцијалите што одредени реформи ги носат, за пропустите на одредени веќе спроведени реформи...
Во Скопје денеска ќе се одржи 2. Македонско - германски форум „Градиме мостови - политика и економија“ што го организираат Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања - МК 91.
- Економскиот раст во првото полугодие од тековната година кој е позначајно понизок од очекувањата, легитимно го поставува прашањето дали ќе биде остварен растот од 3,2 процента што во април го проектираше Народната банка на РМ.