Македонски стартап компании ќе може да ги претстават своите идеи пред германсаката индустрија. Своите идеи во Скопје ќе ги презентираат пред главниот оперативен директор на „Бетахаус“, а менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја ќе им овозможи Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, преку програмата „BETAPITCH“
Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе учествуваат на трибина „Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО“.
Форум на тема „Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија - општествени и економски промени“ ќе се одржи денеска во Битола.
Од 1 јануари 2020 година Македонија ќе ја прекине вакцинацијата против „класична свинска чума“, но дури две години потоа, од 2022-ра, очекува да биде прогласена за „земја слободна од 'класична свинска чума' во која не се врши вакцинација“ што е, всушност, услов за извоз на свежо месо и живи прасиња во ЕУ.
Вработените во градинките, училиштата и болниците ќе имаат зголемување на платите за пет отсто. Покачувањето почнува од септемвриската плата што ќе се исплати во октомври.
Растот на платите и проектите за локален развој беа една од темите во фокус на денешната средба на министерот за финансии Драган Тевдовски со граѓаните и стопанствениците во Демир Хисар.
Министерот ги информираше земјоделците за критерумите за новиот јавен повик кој се објави вчера за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за младите земјоделци.
Што поскорото имплементирање на проектот за заедничко гранично управување One Stop Shop ќе овозможи унапредување на веќе солидната економска соработка меѓу Македонија и Албанија, констатираа ресорните министри од двете земји, Крешник Бектеши и Арбен Ахметај, на денешната средба во Тирана.
На саемот учествуваат 21 држава од четири континенти, а Мирко Узелац, претседател на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија во изјава за МИА нагласи дека на саемот учествуваат неколку македонски поединци иноватори, неколку македонски компании, но и иноватор од Сирија.
Преку 60 професионалци од Македонија, Холандија, Албанија и Косово учествуваат на тридневната Конференција за ментори што се одржува во Скопје.