- Надминувањето на спорот ќе „отклучи“ мнпогу проекти, бидејќи двете земји имаат желба својот политички успех да го претворат во конкретни инвестиции, изјави Хајлброн во рамки на регионалниот политички и бизнис форум во Блед.
Работиме на подобрување на условите за живеење на локалниот економски развој, што е примарно за граѓаните, изјави денеска министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.
Средните и големите компании се главно оние кои имплементираат практики за општествена одговорност, но оваа пракса не се применува кај старт ап, микро и малите претпријатија.
- Со членство во ЕУ пред домашните компании се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи, Македонија ќе влезе во најголемата светска економија која учествува со 23,8 отсто од светскиот БДП. Ова е една од најголемите развојни перспективи кои се отвораат за домашните компании, рече министерката Апостолска при посетата на компаниите „Митротек“ и „Линди“.
Кредитите ќе се доделуваат во транши од по пет милиони евра, а компаниите ќе можат да учествуваат со проекти во вредност од шест илјади евра па до три милиони евра.
Во првата половина од годината осигурителниот пазар бележи пораст од 6,36 проценти при што во последните три години е забележан највисок пораст во сегментот неживот, а сегментот живот забележа раст од 14,63 проценти.
Договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за користење на 100 милиони евра за мали и средни претпријатија ќе биде потпишан денеска меѓу Владата претставувана од Министерството за финансии, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и ЕИБ.
Европскиот социјален фонд нуди 70 милиони евра за вработување и мобилност на младото население во државите, а досега Европската Унија во Македонија има дадено повеќе од 8,8 милијарди евра, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при денешната работна посета на општина Ранковце.
Како што беше речено денеска во Стопанската комора на Македонија, сертификатите за енергетска ефикасност на становите согласно легислативата во овој момент, се издаваат врз база на проектната документација, но во текот на изградбата се случуваат најразлични промени кои потоа доведуваат до отстапувања.
Јавното претпријатие за државни патишта работи на проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце, која би стартувала напролет следната година, а ќе се одвива во две фази, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.,