Општините да достават готови проекти до Владата за да може да ги искористат парите кои беа наменети за изградба на карго аеродромот во Штип, а сега се пренаменети за инфраструктурни проекти во општините, апелира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Вработените во основното и средното образование во октомври, со исплата на септемвриската плата ќе го добијат зголемувањето за пет проценти. Одлуката ја донесе вчера Владата, а денеска во насока на реализација на ова зголемување на платите Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат на образование, наука и култура на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка.
Министерството за финансии ќе склучи договор со Светска банка (СБ) за обезбедување средства во износ од 28,7 милиони евра за унапредување на социјалните услуги.
Владата, во соработка со ЈП за државни патишта, ќе го реализира проектот за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка - Деве Баир.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе одржи две подготвителни седници за правилата за снабдување со електрична енергија.
Владата на денешната 85-та седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја прифати Предлог - уредбата за изменување и дополнување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2018-та година.
Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за воведување нова дополнителна субвенција од еден денар за килограм предадено грозје „смедеревка“ и „вранец“. Лозарите за средства ќе можат да конкурираат до 25 декември 2018 година.
Посветено работиме да обезбедиме одржлива и предвидлива иднина на комбинатот, нагласи потпретседателот на македонската Влада Кочо Анѓушев, во своето обраќање до вработените на РЕК Битола, а по повод Денот на рударите.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во соработка со Владата и министествата за труд и социјална политика и за економија во наредниот период ќе треба да ја редефинира категоријата ранливи потрошувачи на електрична енергија.
Тезгаџиите ги поздравуват најновите подзаконски акти за регулирање на зелените пазари, но сметаат дека тие ќе бидат поволни за нив само ако вкупните давачки останат максимум 2.000 денари, како што е сега предвидено.