Македонија се уште нема стратегија за зелените пазари, а се повеќе се намалува и бројот на закупци на тезги поради сивата економија, нелојалната конкуренција и одливот на млади од државата.
Намален род за 30 - 40 отсто, послаб квалитет и пониска откупна цена, очекуваат производителите од годинашната реколта тутун поради честите врнежи летово и појавата на болести.
За пет години се пролонгира рокот за повластена стапка од пет проценти за станови во прва продажба, со предложените измени на Законот за данокот на додадена вредност за кои денеска треда да расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека е возможно да се постигне проектираниот економски раст од 3,2 проценти.
Потенцијалите на македонското земјоделско производство, поддршката и можностите за инвестирање во агросекторот и останатите области во Македонија, како и туристичката понуда на државава, се претставени на бизнис форум во рамки на саемот за храна и земјоделство АГРА2018, што се одржува во Горња Радгона во Словенија.
Со словенечки и македонски традиционални песни и ора денеска и официјално се отвори еден од најголемите саеми за земјоделство и храна во Централна и Источна Европа - АГРА 2018, што се одржува во Горња Радгона, Словенија.
Македонија минатата година произведе 705 илјади хектолитри пиво, наведува Државниот завод за статистика. Од него најмногу пиво се извезе во Косово, додека, изнанадувачки, најмногу се увезе од Романија.
Со растот на платите компаниите бараат начини, но и државна поддршка за унапредување на процесите. Годинава за прв пат е предвидена сериозна поддршка за домашните компании од државниот Буџет, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.
Ајвар, лутеница, традиционално овчо сирење и јагне, органска храна и флаширано вино, се дел од производите што ќе ги промовира Македонија на Меѓународниот саем „Агра 2018“ во Горна Радгона, Република Словенија.
Барањето на компанијата ИГМ трејд за промена од Г2 во Г1 индустрија, беше тема на средбата што ја имаа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во Кавадарци со општинските советници, претставници на ИГМ трејд, регионална стопанска комора и повеќе граѓански и еколошки организации.