Премиерот Зоран Заев имаше средба со менаџментот на компанијата „Елсеведи Електрик“, предводен од основачот и сопственик, инженерот Ахмед Ел Севеди, на која се разговарало за можностите за инвестирање во земјата. На средбата присуствувал и Франц Кухар, член на менаџментот на словенечката компанија „Искраемеко“ која е дел од групацијата „Елсеведи“.
– Постоечките економски субјекти забележаа малку поголема стапка на излез од пазарот, претставена преку зголемувањето на бројот на правни лица над кои е отворена стечајна постапка. Оттука, во 2017 година дојде до раст на стапката на банкротирани правни лица90 (англ. bankruptcy rate) од 2,1% на 3,2%, стои во извештајот на НБРМ.
Министерството за финансии и Управата за јавни приходи одржаа состанок со Македонската банкарска асоцијација во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките. Како што соопшти Министерството за финансии, договорено е прецизирање на текстот што ќе се имплементира во новиот текст на Законот.
Народната банка на Република Македонија ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени со што таа изнесува 2,75 проценти.
Владата работи на тоа да нема штети од забраната за увоз на македонски праски во Руската федерација и да се врати состојбата во нормала, истакна денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарски прашања по порибувањето на акумулацијата Глобочица.
Довербата во преработувачката индустрија во јули годинава е зголемена за 0,1 процентен поен во однос на претходниот месец и изнесува 19,9, а во споредба со ланскиот јули е зголемена за 2,1 процентен поен, оценуваат раководителите на деловните субјекти.
Намален е бројот на издадени одобренија за градење во јуни во однос на истиот месец лани. Државниот завод за статистика денеска објави дека во јуни се издадени 205 одобренија за градење што е за 10,9 проценти помалку во однос на минатата година.
Прометот во индустријата во првата половина од годинава бележи раст од 11,9 проценти. Раст на прометот во индустријата е евидентиран и во јуни во однос истиот месец лани за 19,4 проценти, а во однос на мај годинава за 8,4 проценти.
За 4,4 отсто се намалени откупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од годинава за разлика од истиот период лани.
Од денеска македонските праски нема да се извезуваат на рускиот пазар. И официјално стапува во сила одлуката на Русија со која се стопира увозот поради наводно пронајден црв во пратките.