Тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска во Радовиш одржа работен состанок со производителите и откупувачите на сливи, на кој разговараа за состојбата со откупната цена со цел да се најде решение од заеднички интерес за стабилизирање на откупот.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јуни годинава останаа непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 1,0 отсто на годишно ниво.
Увозните цени на горивата во земјава во јуни годинава се повисоки за 0,8 отсто во однос на претходниот месец и за 41,7 отсто во споредба со истиот месец лани.
Групата држави против корупцијата, ГРЕКО, тело на Советот на Европа, во вчера објавениот извештај порача дека борбата против корупцијата во Македонија е разочарувачка.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од годинава е намалено за 0,1 отсто во споредба со истиот период лани.
Министерството за економија го одобри проектот „Еногастрономски пат низ Тиквешијата“, со кој Фондацијата „Тиквешки вински пат“, аплицираше за поддршка преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година.
Винаријата „Тиквеш” од Кавадарци го почна годинашниот откуп на винско грозје. Први ќе се откупуваат висококвалитетните сорти шардоне, рајнски ризлинг, темјаника, италијански ризлинг, совињон бел и траминец.
Македонскиот финансиски систем минатата година работеше во поповолно опкружување во однос на 2016 година, одржувајќи ја својата стабилност и непречено работење во сите сегменти.
Приходите, како што соопштуваат од компанијата, е од продажба изнесуваат 5.017 милиони денари, што претставува зголемување за еден отсто во споредба со истиот период од претходната година.
ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа, во својот најнов извештај за Македонија оценува дека “нема опиплив напредок“ во оваа област.