Жетвата на пченицата заврши на сите засеани 78.000 хектари површина. Просечениот принос е околу 3.500 килограми по хектар, а откупната цена се движи од девет до 10,5 денари по килограм, зависност од квалитетот, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Пчелари од Струга, Битола, Виница, Охрид, Прилеп и Струмица викендов имаат можност да презентираат мед, пчелни производи и опрема на 4. Саем на медот во Струга.
Македонија е со најмала просечна плата во регионот на поранешна Југославија, додека Словенија е на врвот на листата, јавува Анадолија.
Обезбедени се 10 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).
На пазарот на труд во Македонија моментно има 7.145 слободни работни места објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување.
Планираме да го зголемиме фондот на изградба на станови на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, селектираме локации за комерцијални објекти на кои ќе се работи со вклучување на приватниот сектор како партнер, вели во интервју за МИА Кристијан Трајковски, директор на АДССДП.
Буџетот се уште не покажува индиции за ребаланс, односно ќе нема потреба тоа да се прави во текот на летово, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Над 100 компании ќе добијат вкупна финансиска помош од 9,2 милиони евра согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите за остварените резултати во минатата 2017 година.
Фирмата „Брако“ од Велес, каде ко – сопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев доби тендер од државата. За речиси 37 илјади евра компанијата треба да испорача мрежа за заштита од одрони на патишта за државната „Македонија пат“.
Земјоделците од Пелагониско денеска имаа можност да ги слушнат предностите од користењето сончеви колектори во производството.