Во Македонија има над 400 илјади регистрирани автомобили со просечна старост од 18,7 години. Од нив над 80 отсто се постари од десет години, а речиси половината користат дизелски погон.
Ограничување на надоместоците кои ги плаќаат граѓаните при одобрување и отплата на потрошувачки кредити, е главна цел на измените во новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.
Домаќинствата и корпоративниот сектор најмногу придонесоа за раст на кредитната активност во вториот квартал од годинава, покажува најновиот извештај на Народната банка.
Во врска со информациите изнесени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ја проследуваме следната реакција.
Нема конкретен договор за повлекување на косовската одлука за зголемените царини ни по дненешната средба во Приштина меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани.
Во второто полугодие од годинава сериозно ќе се зголеми искористеноста на предвидените 393 милиони евра буџетски средства за капитални инвестиции и на оние кои се на располагање надвор од буџетот за патната и железничката инфраструктура, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по увидот во патиштата до технолошко развојната зона кај Алинци, близу Прилеп.
Само „Виз ер“ доставила понуда за нови дестинации од Скопсиот и Охридскиот регион на повикот за субвенционирање авиокомпании, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јуни 2018 година се пониски за 0.3 % на месечно ниво, а за 0.8 % на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина треба да се сретне со косовскиот колега Бајрам Хасани. На средбата ќе се разговара за зголемените царини на овошјето и зеленчукот што Косово ги воведе на 18 јули годинава.
Треба да бидете слеп за да не ги видите капиталните инвестиции, се градат патишта на сите страни, му порача денеска премиерот Зоран Заев на пратеникот Драган Цуклев.