Објектот на фабриката за полнење вода „Маја“ во Македонија, архитектонско дело на Александар Карангелов е во конкуренција со пет други индустриски објекти за наградата Architizer A+ во САД.
Во Технолошко инудстриската зона кај Скопје утре ќе пончне изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура“. Станува збор за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра.
Членството во НАТО има позитивни ефекти за економијата и за животниот стандард на граѓаните. Тоа пред се значи безбедност и стабилност што води до зголемени инвестиции и отворање нови работни места, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски пред почетокот на прославата во Струга за добиената покана за членство во алијансата.
Искуствата од другите земји покажуваат висок раст на странските директни инвестици по влезот во НАТО Алијансата. Ако се земе просек од пет години пред и по пристапувањето на нашите соседи Бугарија и Албанија, се забележува неколкукратен раст на странските инвестиции.
Македонија се наоѓа на слабото 84-то место на најиновативни економии во светот, и е падната за 23 места во однос на минатата година, според извештајот на “Global Innovation Index 2018“.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска се сретна со градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Пред десеттина дена со повеќе од 500 лозари три часа разговаравме за сите проблеми. Впечатокот од нивна страна беше дека ниту една Влада досега пред време не ја отворила темата во делот на откупот, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја промовираше апликацијата „Visit Macedonia“ (Визит Маседониа), што ќе служи за промовирање на туризмот во земјата.
Градинарите од неколку здруженија од Струмичко предупредуваат дека залихите кај преработувачите од пиперката „куртовска капија“ од ланската реколта може да предизвикаат проблеми за пласман на годинашново прозводство, рече денеска Драги Памуков од Здружението на земјоделци „Кукла градинар“ од село Куклиш.
Осумдесет домашни микро, мали и средни компании добија грантови во висина од 10,5 милиони евра преку мерките од третиот столб на владиниот план за економски раст. На повикот објавен од Фондот за иновации и технолошки развој се пријавиле 236 компании.