Не може „Еко Герила“ или која било друга организација да кажува дали некоја компанија ќе работи или не. Никој не може да биде над институциите на дражвата. Јасен е ставот на Владата, Југохром неможе да проработи ако не ги задоволи еколошките стандарди, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
РЕК Битола во текот на вечерта ќе изврши планирано исклучување на Блок 3, информираат од АД „Електрани на Македонија“.
Зголемена конкурентност на земјоделскиот сектор, подобрување на животот во руралните средини, одржливо управување со природните ресурси и справување со климатските промени, се приоритетните области на тригодишниот договор за соработка што денеска го потпишаа ФАО и Република Македонија.
Штетите од работата на нерегистрираните фирми за државниот Буџет се огромни, а само по продукт од ИТ индустријата изнесуваат шест милиони евра. Оштетени се и компанииите кои работат легално во секторот затоа што увезуваат производи и мора да ги сертифицираат, а на ризик се изложени и граѓаните кои ги купуваат.
И покрај напорите на локалните власти за регулирање на ова прашање сеуште низ охридските и струшките улици има лица кои нудат сместување што, според првиот човек на ХОТАМ Крсте Блажески, покажува лоша слика и го руши угледот на туристичките центри.
Од НБРМ соопштија дека на седница биле разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и директорот на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска ќе потпишат меморандум за соработка.
Владата на Република Македонија на 78. седница донесе одлука да го измени заклучокот од претходната 77. седница и согласно новиот заклучок ја задолжи компанијата „11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп“ да достави барање за позајмица од 11 милиони денари
Македонски енергетски ресурси предложи нова траса за гасоводот преку Водно со која максимално ќе се заштити зелениот појас, а во краток рок да можат да почнат и градежните работи на гасоводот.
Потребна е храброст, информации, поврзување и приближување кон институциите на системот, за да можат жените да се одважат и да започнат сопствен бизнис. Истражувањата покажаа дека жените се претприемачи главно се во мали и микро претпријатија со пет до десет вработени, во ниско профитни дејности.