Ќе има минимално намалување на цената на струјата, најавуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Детали за најавениот повик за финансиска поддршка на нискобуџетни авиокомпании, со критериумите за распределба, ќе претстави денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Пензионерите денеска се обединија во синдикат, чија цел е да стане репрезентативен социјален партнер којшто ќе се залага за подобар социјален статус на оваа категорија на граѓани и ќе биде вклучен во реформите на пензискиот систем.
На територијата на Македонија минатата година се регистрирани 762 бесправно изградени објекти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија го поздравува видливото подобрување во управувањето со јавните финансии и фискалната транспарентност, соопшти Министерството за финансии.
Во ФЕНИ Индустри во тек е вработување на повеќе од 30 лица. Се бараат инженери, електричари, механичари, ракувачи на градежни машини, оператори, техничари и други струки.
Македонските компании се информирани за европската регулатива за заштита на личните податоци, но не се доволно запознаени како треба да постапат и кои активности да ги преземат за да ја имплементираат оваа регулатива.
Пет ИТ компании доставија предлози на повикот за изработка на ново софтверско решение за распределба на дозволите во патниот и товарниот сообраќај.
Поединци, тимови и здруженија на граѓани кои имаат идеја за отпочнување на социјално претпријатие или имаат вакво новоформирано претпријатие од денеска до петок ќе бидат дел од обуката „Развој на одржливи социјални бизниси“ што ќе се одржува во Битола.
Собранието со 62 гласа „За“ денеска ги усови измените на Законот за трговија со кои се укинува забраната за продажба на алкохол по 19 часот воведена во 2008 година. Владата на една од седниците во мај донесе одлука да му предложи на Собранието укинување на ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци.