Особен придонес, како што соопшти НБРМ, во овие дискусии имаа претставници од Европската комисија, Европската централна банка, централните банки коишто му припаѓаат на Европскиот систем на централни банки, Банката за меѓународни порамнувања и Светската банка.
Економскиот раст од само 0,1 процент во првиот квартал од годинава според Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ се должи на тоа што минатата година економијата во целост била ставена во заден план.
Од вкупно 956.640 лица активно население во Македонија, вработени се 749.892, а невработени 206.748 лица, покажува анкетата за работна сила на Државниот завод за статистика за првото тримесечје од 2018 година.
Градежните работи и други капитални проекти на патната мрежа ќе придонесат за раст на градежништвото во втората половина на оваа година со што позитивно ќе влијаат врз растот на Бруто домашниот производ, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Независниот синдикат на камионски транспортери на Македонија и Независниот синдикат на градежни работници денеска обвинија дека градежни компании вработуваат градежни инженери само додека да добијат дозвола за градба, а веднаш потоа ги отпуштаат.
Некои даночни обврзници не ги исполнуваат даночните обврски поради незнаење, некои од негрижа, а некои од несакање.
Градежната комора при Сојузот на стопански комори (ССК) ја поздравува владината одлука данокот на додадена вредност при првата продажба на становите да остане пет отсто до 2023 година и најавува продолжување на постојните, како и нови инвестиции.
На 12 јуни годинава завршува рокот за поднесување барања за субвенции за растително и сточарско производство, соопшти денеска директоорт на Платежната агенција Николче Бабовски.
Во првиот квартал од 2018 година земјоделството, шумарството и водостопанството учествуваат со 6,6 отсто во бруто домашниот производ (БДП) што е раст од 5,1 отсто во однос на истиот период лани кога процентот бил 1,5.
Промоција на добитниците на големите грантови од Програмата за Подобрување на управувањето со заштитените подрачја финансирана од ЕУ ќе се одржи денеска во Инфо Центарот на Националниот Парк Пелистер во Битола.