Со 15 милиони евра од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ - ИПА 2019 ќе се финансира земјоделството во Македонија.
Бруто домашниот производ во првиот квартал годинава забележал стапка на раст од 0,1 процент, објави Државниот завод за статистика.
Над 5.000 луѓе може да останат без работа поради воведувањето на минималната плата и одлуката на Уставниот суд да го укине нормираниот учинок, а некои компании, од кои дел странски инвеститори, веќе си одат од земјава, предупредуваат текстилците.
Бројот на жените-претприемачи во Македонија не се зголемува. Точно е дека се отвораат нови фирми, но и се затвораат веќе постоечките. Подршката од државата не е доволна, ниту сосема соодветствува на потребите, а водењето бизнис од страна на жена е се уште предрасуда.
„Македонски енергетски форум - 2018“ е насловот на Меѓународната енергетска конференција што денеска и утре ќе се одржува во Струга во организација на Владата на Република Македонија, АД ЕЛЕМ, Амбасадата на САД и институтот ЗИП.
Форум 2018 - Потенцијал на регулатива за ангел инвеститори ќе се одржи денеска во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Процентот на невработеност паѓа, рече денеска вицепремирот Кочо Анѓушев, но не кажа колкаво е намалувањето.
Првиот квартал од 2018 година во споредба со истиот период лани бележи пораст во сите економски сфери, освен во градежништвото-нискоградба.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски истакна дека државата прави напори да се зголеми вработеноста, особено кај младите преку отворање нови работни места, кои како што рече, треба да бидат високо платени.
Конфедерацијата на слободни синдикати денеска почна кампања за поголеми плати во јавниот сектор „Пристојна плата за пристоен живот“ која ќе се одвива на социјалните мрежи, посети, собири и конференции во повеќе градови зависно од барањата на членството.