Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска ќе има свое обраќање за спроведувањето на економските реформи во Република Македонија во процесот на приближување до Европската унија на економскиот форум на Самитот ЕУ – Западен Балкан Софија 2018, на тема „Помеѓу политиката и економијата“.
Народната банка на Република Македонија беше домаќин на претставници на Хрватската народна банка. Одржаните работни средби се дел од веќе воспоставената плодна билатерална соработка помеѓу двете централни банки, овојпат со фокус на истражувачката дејност и економското моделирање.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска и утре е во службена посета на Бугарија каде учествува на дел од активностите во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан.
Претставници на железничките претпријатија на Македонија и Бугарија денеска во Скопје ќе разговараат за изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 кој ги поврзува овие две држави.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017.
Народната банка ги прима и ги заменува книжните и кованите пари што станале непогодни за промет од банките основани во Република Македонија и филијалите на странските банки во Република Македонија.
На средбата со менаџментот, Анѓушев потенцира дека мерките од владиниот План за економски раст се многу поттикнувачки за инвеститорите.
Светска банка да ги поддржи проектите поврзани со локалниот економски развој на општините во Република Македонија, овозможувајќи им поголема финансиска самостојност и создавање услови за економски раст. Ова денеска го истакнаа премиерот Зоран Заев и извршната директорка на Светска банка Кристалина Георгиева.
Во фокусот на конференцијата е економскиот потенцијал на земјите од Западен Балкан, како и инвестициските перспективи за развој на бизнисот во регионот, а целта е дискусијата на бизнис лидерите да ја поттикне регионалната економска соработка како суштински дел од европската интеграција на земјите од Западен Балкан.
Министерството за транспорт и врски изработи Предлог национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030 година.