Владата е посветена на создавање подобра бизнис клима и да ја приближи земјата кон ЕУ и НАТО интеграциите, порача премиерот Зоран Заев .
Вицепремиерот Кочо Анѓушев, сопственик на компанијата за трговија со струја ЕДС, денеска го потпиша договорот со Грчката национална компанија за производство на струја ППЦ, со кој ЕДС станува целосно во сопственост на грчкото електростопанство.
Даночните обврзници од 1 мај годинава во скопската регионална дирекција на Управата за јавни приходи ќе треба задолжително да закажат средба за прашања поврзани од работата на Управата, а за кои имаат потреба од консултации „лице в лице“.
Премиерот Зоран Заев апелира младите да ја искористат владината поддршка и да се фокусираат на отворање сопствени бизниси наместо да чекаат и бараат вработувања во администрацијата каде платите со средно школо се 15.000 денари.
Заев очекува банките да понудат поволни кредити. Во спротивно, земјава ќе биде принудена да обезбеди пари однадвор.
Поефикасна и побрза администрација, избегнување на честото менување на даночната регулатива, двојно намалување на казните, се само дел од барањата што бизнис заедницата денеска ги упати до првите луѓе на Управата за јавни приходи .
Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и УНДП денеска потпишаа Договор за Годишната програма за вработување 2018, проектирана на 8,3 милиони долари.
Македонско-британскиот старт-ап „Cognism“, кој користи вештачка интелегенција за унапредување на продажбата на клиенти, доби инвестиција од два милиони фунти.
Да се искористат спецификите и потенцијалите на локалните средини и да се применат проекциите за прогрес и раст во економијата од пет до седум отсто.
Форум на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК)