Mакедонските казина и обложувалници во последните пет години свртиле неверојатни 1,4 милијарди евра. Тоа е сумата што сите казина и обложувалници ја имале како приход, објави телевизија 24 вести.
Бирото за јавни набавки, во состав на Министерството за финансии, jа создаде платформата „Отворени Податоци“ на веб страницата е-Набавки.
Оваа авиокомпанија веќе има воспоставено сезонски лет од Охрид до Амстердам. Двете линии се наменети за холандскиот туристички пазар, а билетите ќе се продаваат како дел од туристичките пакети.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека преговорите за автопатиштата не се блокирани и оти засега нема нови моменти.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески пред денешната средба со градоначалниците на општините изјави дека целта е секоја општина и домаќинство да биде гасифицирано.
Оттаму велат дека за да се постигне одржливост на пензискиот фонд не треба да има ниту зголемување на пензиите надвор од законското усогласување, ниту воведување популистички мерки кои ќе предизвикаат дополнителни оптоварувања на Фондот.
Ковани пари за колекционерски цели „Риби“ и „Овен“ од серијата „Хороскопски знаци“ се изработени и пуштени во оптек, соопштија денеска од Народната банка на Република Македонија. Цената на парите изнесува 2.800 денари.
Законот за пријавување и евиденција на обврските преку кој ќе се регулираат долговите на институциите ќе влезе во владина процедура, најави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Скопје и Варшава од 1 јуни годинава ќе бидат поврзани со директна авионска линија, објавија денеска ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс.
Вчерашното решение на Одборот на доверители да поддржи две иницијативи за реструктуирање на комбинатот, потенцираше Анѓушев, значи дека не оди во ликвидација, туку во реструктуирање.