Во Буџетот на Република Македонија има одлична наплата на приходите, има одлична ликвидност, а настојувањето на Владата е реализација на капиталните расходи.
Единствениот пазар на електрична енергија е најдобар начин за зголемување на транспарентноста и конкурентноста меѓу сите учесници на пазарот - производители, снабдувачи и трговци зашто за сите нив важат правилата. Конкурентноста создава простор за технолошки иновации и нови вложувања кај сите учесници.
Рудникот за олово и цинк Саса и Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) и Сојузот на синдикати на Македонија потпишаа спогодба, согласувајќи се на понудата за зголемување на платата што компанијата ја достави до синдикатот на 26-ти миантиот месец.
Договорот со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ истекува во јуни и во моментот се работи на критериумите за новиот тендер што ќе биде распишан наскоро.
Од македонска страна се преземаат сите потребни мерки затворањето на магистралниот пат Хан и Елезит - Качаник поради свлечиште од косовска страна да не се одрази врз економијата.
Од НБРМ наведуваат дека доколку правните лица не се во можност од деловните банки да обезбедат соодветни примероци од полимерните пари за потребните софтверски приспособувања, можат да се обратат до Дирекцијата за трезорско работење на НБРМ .
Европската банка за обнова и развој, но и други банки, како Европската инвестициска банка, сакаат да учествуваат во финансирање на изградбата на ветерници во Миравци и фотоволтаична централа во Осломеј.
Уште еден чекор напред означува 10 мај во стечајниот процес на ФЕНИ, при што одборот на доверители го разгледа и даде позитивно мислење, отворајќи го патот за презентација и спроведување, на планот за реорганизација на Фени АД Индустри - во стечај, поднесен од ЕуроНикел.
Македонија како земја која се стреми да се приклучи во ЕУ треба полека да почне да се подготвува за воведување 5Г технологија. Работна група во Министерството за информатичко општество за утврдување мерки неопходни за воведување 5Г е веќе формирана.
Продажните цени на индустриските производи на странските пазари во март 2018 година се пониски за 1,7 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 2,6 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.