Се соочивме со 383 милиони долгови на општините и на институциите, и 280 милиони евра екстра од „Скопје 2014“, рече македонскиот премиер Зоран Заев на денешниот отворен брифинг со медиумите.
Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска го отвори Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ чија цел е да ги спои образованието и индустријата и да биде интеракција меѓу кадарот на ФЕИТ, неговите студенти и индустриските партнери.
Нагласуваме дека во денешниот одговор на новинарско прашање, гувернерот Димитар Богов не правеше компарација меѓу плановите за воведување прогресивен данок и оценката дека е соодветно да се оданочат економските активности коишто не се оданочени.
Компанијата „Арчелор митал“ до Европската комисија поднела предлози за повлекување на средствата, со цел добивање конкурентна дозвола од ЕУ за купување на италијанската компанија „Илва“, која е најголемиот производител на челик во светот.
Инвестициската група Galena Resource Equities Limited („Galena“), која е подружница на Trafigura Group купи 20 проценти од акциите од Еуромакс Ресорсис, вложувајќи четири милиони долари свеж капитал.
Во Извештајот за одржлив развој на Енергетска заедница посветен на земјите од Западен Балкан, Република Македонија е рангирана на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на енергетските реформи, соопшти денеска Министерството за економија.
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и раководителите на Центрите за развој на осумте плански региони денеска ги потпишаа Договорите за финансирање на активности за поттикнување на рамномерниот регионален развој.
Бројот на туристите во февруари годинава бил 41.182, што е зголемувања за 11,7 отсто во однос на иастиот месец лани. Зголемен е и бројот на ноќевањата за 11,8 отсто и во февруари 2018 изнесувал 89.301.
Прометот во индустријата во февруари во однос на јануари годинава е зголемен за 1,2 процента, а споредено со февруари лани за 7,4 проценти.
Во февруари годинава се издадени 177 одобренија за градење, што е за 51,2 процента помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.