Претседателот на Владата Зоран Заев денеска се сретна со Анка Јоана Јоанеску, директорка на канцеларијата на Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) за Македонија и Косово и Френклин Стивс, виш советник во рамки на Иницијативата за инвестициска клима и добро унправување (ИЦГИ) што ја спроведува ЕБОР.
Народната банка на Република Македонија ја пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели „Бик“ од серијата „Хороскопски знаци“.
На церемонијата Амбасадорката Ханеда укажа на важноста од спроведувањето на овие проекти и посветеноста на Јапонија во зајакнувањето на билатералните врски меѓу двете земји.
Македонија и оваа година е претставена на водечкиот настан и центар на атракција за туристичката индустрија, кој влијае на искуствата за патување низ целиот свет ИТБ (ITB Berlin, Trade Skow Show).
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев попладне ќе се обрати на настан со кој ќе се одбележи Европската недела на стартапи 2018 (Startup Europe Week 2018).
До крајниот рок за поднесување годишни даночни пријави, кој истекува во четврток следната недела (16 март), се очекува околу 170.000 граѓани да ги пријават своите приходи во Управата за јавни приходи (УЈП), со поднесување годишна даночна пријава.
Податоците на Државниот завод за статистика според кои брутно домашниот производ во последниот квартал лани пораснал за 1.2 проценти за Владата се показател дека со имплементација на реформските политики, економијата во државата почнува да расте.
Стопанските комори на Србија и Македонија го поддржуваат договорот постигнат во Скопје од страна на ресорните министри на двете земји, со цел изнаоѓање на трајно решение за проблемот на меѓусебна трговија со брашното.
Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2017 година забележал раст од 1,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Во организација на телекомуникациската компанија Вип, денеска се одржа првата конференција “Women in Digital” чија главна тема е улогата и значењето на дигиталната технологија во развојот на општеството, како и нејзиниот придонес за еднакво учество на жените и мажите во сите општествени процеси, вклучувајќи го и бизнисот.