Тој посочи дека утринава имал два состанока за надминување на проблемот што го имаат вработените во Веибо, а упатил и покана да сопственикот на компанијата во понеделник да дојде во земјава и да се изјасни дали има намера да продолжи да работи во Македонија.
Таа е една од влијателните бизнис асоцијации во државата која има над 11.000 претставници на фирми – учесници на коморски настани, над 17.000 издадени документи, над 200 бизнис настани и над 90 едукативни настани, 86 електронски публикации и 44 одржани прес-конференција на годишно ниво.
Македонија денеска е домаќин на меѓународна конференција на која ќе присуствуваат еминентни личности чие мислење е значајно за светските финансиски текови.
ЕБОР останува на ставот за поддршка на Коридорот 8, односно на делницата Крива Паланка до Република Бугарија, како и на реконструкцијата на патната инфраструктура во должина од 400 километри.
Во Македонија се случуваат позитивни придвижувања, постои фискална стабилност и се спроведуваат реформски процеси за зајакнување на институциите, оценија денеска на средбата во Скопје премиерот Зоран Заев и заменикот на главниот директор на ММФ, Тао Џанг.
„Витаминка“ денеска потпиша договор за купопродажба на имотот на „Брилијант“ од Штип со Комерцијална Банка, за сума од 7,3 милиони евра.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2017 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 306 602 илјади денари, што е за 19.8% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Македонија и Бугарија ќе настапуваат заеднички за да обезбедат пари за инфраструктурни проекти на Коридорот 8, кои се значајни за развој на регионот, најавија по денешната средба во Софија македонскиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески и неговиот бугарски колега Ивајло Московски.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија во јануари е поповолна во однос на декември и во однос на јануари лани, објави Државниот завод за статистика.
Заинтересираните од денеска на ЕНЕР можат да го разгледаат и да се запознаат со законот за финасиска поддршка на инвестициите со кој се формализира поддршката и имплементацијата на мерките од Планот за економски раст на Владата и да ги достават своите сугестии