Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (60,3 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 19 (7,4 отсто) за објекти од нискоградба, а 83 (32,3 отсто) за објекти за реконструкција.
Утврдени се приоритетите за инвестицијата од 45 милиони евра во Македонија на ТАВ согласно концесискиот договор за македонските аеродроми, на денешната средба на македонскиот премиер Зоран Заев со претставници на Групацијата ТАВ.
Конференцијата ќе се одржи в петок во Скопје, а денеска за таа цел гувернерот на НБРМ Димитар Богов ќе има средба со медиумите.
Постојат можности за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. Нашата цел е за неколку години трговијата со Турција да биде една милијарда евра.
Целта на законот е поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и вработувањето.
Mакедонските казина и обложувалници во последните пет години свртиле неверојатни 1,4 милијарди евра. Тоа е сумата што сите казина и обложувалници ја имале како приход, објави телевизија 24 вести.
Бирото за јавни набавки, во состав на Министерството за финансии, jа создаде платформата „Отворени Податоци“ на веб страницата е-Набавки.
Оваа авиокомпанија веќе има воспоставено сезонски лет од Охрид до Амстердам. Двете линии се наменети за холандскиот туристички пазар, а билетите ќе се продаваат како дел од туристичките пакети.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека преговорите за автопатиштата не се блокирани и оти засега нема нови моменти.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески пред денешната средба со градоначалниците на општините изјави дека целта е секоја општина и домаќинство да биде гасифицирано.