Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Македонски Железници - Инфраструктура, Ирфан Асани, денеска имаа средба со претставници на кинеската компанија China Railway Group Limited.
Партнерството меѓу владите, приватниот сектор и образовните системи обезбедува мотивирачко и напредно општество, истакна премиерот Зоран Заев на денешното свечено отворање на Институтот за бизнис и менаџмент од Хајделберг со седиште во Скопје.
Поради протестот на 200 работници од „Веибо Груп“ од Крива Паланка, магистралниот пат Куманово – Крива Паланка беше блокиран три часа.
Ивица Јакимовски д.и.а., генерален директор на градежната компанија „Голден Арт“ е избран за претседател на Градежната комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК). Компаниите членови на Градежната комора на Македонија, на годишното собрание едногласно му го доделија мандатот за следните две години.
ЦЕА смета дека барањата за генерирање на долгот од страна на единиците на локална самоуправа (ЕЛС) и неговото евентуално надмирување од централната власт за покривање на неплатените обврски на општините и нивните јавни претпријатија води кон натамошно еродирање на правната држава.
Трговијата меѓу Бугарија и Македонија бележи раст од близу 11 проценти во 2017 година. Притоа, извозот од Бугарија се зголемил за три проценти.
Од Управата за јавни приходи (УЈП) апелираат до граѓаните задолжително да поднесат годишна даночна пријава, најдоцна до 15-ти март годинава.
Повикот е отворен до 1 март годинава, а повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање може да се најдат на адресата http://www.macedonia2025.com/event/single/85.
Стотина работници од „Веибо Груп" денеска одржаа неколкучасовен мирен собир пред општинската зграда во Крива Паланка, најавувајќи дека утре ќе одржат протест пред просториите на компанијата.
Државниот долг на крајот на 2017 година е понизок за 1 процентен поен, а јавниот долг е понизок за 1,7 процентни поени, споредено со крајот на 2016 година, објави Министерството за финансии.