Конференцијата на слободни синдикати утре на протест. Средбата со властите не ги премисли. Очекуваат исполнување на барањата – повисока плата и подобри услови за работа...
Најголем број на македонските големи и средни компании, односно во 73 проценти од нив се сопственост на мажи, а во 67 проценти генерални менаџери.
Институциите бавно постапуваат по барањата на бизнисмените, кои ги предлагаат за подобрување на бизнис климата. Иако изминаа неколку месеци откако ги имаат поднесено иницијативите, од надлежните одговор нема. Стопанската комора бара брза реакција.
Државниот завод за статистика излезе со податок дека просечната месечна нето плата во октомври изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во споредба со октомври лани.
Во Македонија продолжува трендот на намалување на бројот на активни претплатници во мобилната телефонија, како и на фиксни линии, а се зголемува бројката на корисниците на услуги врзани во пакет, покажуваат последните податоци на АЕК.
Вработените на „Фени“ не се за издавање на нивната фабрика под наем, затоа што со тоа нема никаква иднина за вработените, а закупецот може во секој момент да си оди затоа што не платил ниту денар за фабриката, ниту има некаква инвестиција во неа.
Еврообврзницата е 500 милиони евра, со рок на достасување од седум години, а каматната стапка, како што нагласи Тевдовски, е историски најниска досега и изнесува 2,75 отсто.
Според податоците што денеска ги објави на својата веб страница, ДЗС наведува дека во ноември Македонија ја посетиле 50.869 туристи што е зголемување за 15,2 проценти во споредба со истиот месец во 2016 година.
Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал денеска издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од 7 години и со каматна стапка од 2,75 проценти, соопшти Министерството за финансии.
Грчката национална компанија за производство на електрична енергија (Public Power Corporation - PPC), ППЦ потпиша писмо за намери за купување на Групацијата ЕДС и на сите нејзини подружници во Југоисточна Европа, соопшти денеска ЕДС.