Ваквата состојба за СОНК е апсолутно неприфатлива и Синдикатот апелира до надлежните, наместо да се занимаваат со кадровски прашања и отпуштање од работа, каде што нема реална потреба за тоа, да се позанимаваат со конечното решавање на статусот на истите работници.
Тевдовски вели дека околу 360 милиони евра неплатени, но скриени обврски од страна на јавните институции кои ги наследиле е сериозна големина натрупани обврски ако се има во предвид дека дефицитот на Македонија е околу 300 милиони евра.
Над 1,8 милиони платежни картички поседуваат македонските граѓани. Најголемиот дел корисници се физички лица, а од брендовите најзастепени се „Виза“ и „Мастеркард“.
Според најновите податоци на Народната банка на Република Македонија заклучно со септември, 2017 година во земјава биле блокирани сметките на точно 112.491 депонент во банките од кои 80.870 се физички лица, а 31.621 се правни лица.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски не очекува поскапувањa на производите по зголемувањето на акцизата на нафтата и нафтените деривати од 3,5 денари, што стапи на сила од вчера.
Стабилизацијата на политичката состојба ја враќа довербата на инвеститорите и се очекува силно придвижување на приватните инвестиции, што изостануваа во претходниот период.
Јавното претпријатие за државни патишта распиша оглас за привремено вработување 74 инкасатори на патарини. Според огласот кој трае до 9 јануари, ќе се вработат 93 лица и, покрај инкасатори, се бараат и хигиеничар и портир.
Министерството за финансии ќе го менува Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Во образложението на предлог-законот пишува дека според постојниот закон, во клубовите со автомати се поставуваат машини што се постари од 15 години.
Од УЈП информираат дека со воведувањето на електронската пресметка (е-ППД) граѓаните за приходите што подлежат на оданочување, а се остварени во земјата или во странство, почнувајќи од 1 јануари, немаат повеќе обврска за поднесување аконтативни даночни пријави.
Од денеска дизел горивото чини 58,5 денари, што е за 3,5 денари повеќе од претходно, по зголемувањето на акциза на енергенсот од страна на Владата.