На денешната седница Владата го усвои дополнетиот предлог на Буџетот за 2018 година со прифатените амандмани од комисиската расправа во Собранието на Република Македонија, соопштија од владината прес-служба.
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во рамките на еднодневната официјална посета на Република Косово, заедно со премиерот на Косово Рамуш Харадинај, денеска во Приштина оствари средба со претставници на бизнис заедницата на оваа земја.
Договорот за купопродажба беше потпишан денеска во просториите на НЛБ Банка во Скопје, а конечното одобрение за оваа трансакција треба да го донесе Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
Македонија во текот на октомври 2017 година ја посетиле 55.244 странски туристи кои оствариле 104.118 ноќевања. Најпосетено било Скопје, кое го посетиле 26.190 странски туристи, а најбројни биле туристите од Турција, Грција и Србија.
Машиновозачите ќе продолжат со штрајкот се додека не им се исплати вториот дел од платата за октомври, порача Душко Чакаровски, машиновозач во Македонски железници АД Транспорт на денешната прес-конфеенција.
Царовска информира дека осум милијарди денари се наменети за социјални трансфери за над 120 илјади граѓани корисници на социјални надоместоци.
Железничкиот товарен и патнички сообраќај е во целосен прекин поради протестот на вработени во Македонски железници АД Транспорт кои бараат исплата на вториот дел од октомвриската плата.
Како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни количини млеко.
– Доколку на светскиот пазар нема да има големо поместување на цените на електричната енергија, нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Цената може да остане иста – рече Анѓушев.
Железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин од 07:30 часот утринава, а железничкиот патнички сообраќај од станица Скопје Патничка ќе се одвива само до полноќ, соопшти попладнево МЖ Транспорт ад Скопје.