Николовски по средбата со директорот на Платежната Агенција Николче Бабовски, изјави дека интензивно се разговара и со комерцијалните банки.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, рече дека предлог-буџетот за 2018 година на Министерството за транспорт и врски изнесува 92,3 милиони евра, пари кои се предвидени за капитални проекти.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Ако до пладне не им биде исплатена платата за октомври, вработените во комбинатот „Фени“, кој од пред помалку од една седмица е во стечај, ќе го блокираат патот Градско – Прилеп.
Зголемен бил бројот на поништени постапки, а кај 35 отсто од мониторираните тендери имало отфрлање на дел од понудите бидејќи биле оценети како неприфатливи.
Стечајниот управник на „Фени Индустри“ денеска преку соопштение истакнува дека се преземаат сите мерки и активности за побрзо работно ангажирање на вработените и заштита на капиталот и правата на работниците во фабриката.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска го презентираше предлог-буџетот за 2018 година за ова министерство, кој изнесува 165 милиони евра.
Инвестицијата е на турската компанија Мурат Тиџарет која ќе изгради фабрика за производство на кабли за автомобилската индустрија во која во првата фаза ќе се вработат 300 лица, а производството ќе биде наменето за европскиот пазар.
Во третиот квартал од годинава во Република Македонија има 7.568 слободни работни места, а вкупниот број на пополнети работни места изнесува 491.191, објави Државниот завод за стастистика.
Вкупните даночни приходи наплатени во 2017 година заклучно со ноември изнесуваат 95 милијарди денари и се за четири проценти повисоки споредено со истиот период од минатата година.