Седницата на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието, која беше закажана за денеска во 11 часот, се одложи на неодредено, информираат од собраниските служби.
Премиерот Заев со економскиот владин тим денеска во Будимпешта оствари средба со претседателот на Хуавеи за регионот централна и источна Европа и Нордиските земји, во рамки на дводневниот престој на владината делегација на Самитот 16+1.
Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат од еден од 1,5 денари, а цената на дизелот и екстра лесното останува непроменета.
Потребите на инвеститорите, независно дали се домашни или странски, ќе се анализираат на билатерални средби и бизнис форум в петок, на иницијатива на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Владата.
Бошков вели дека во Македонија има компании што се многу блиску до остварување на оваа цел, но мора да се работи на покревање на свеста во малите и во средните компании.
Во фокусот на Економскиот форум, се малите и средни претпријатија, примена на високи технологии во ИТ секторот, медицина и здравство, вештачка интелигенција, заштита на животна средина, модерно земјоделско производство.
Приходите и приливите во Буџетот на Република Македонија десетте месеци од годинава се во рамки на очекувањата за овој период, а плаќањата на расходите се реализираат редовно и навремено.
Овој концепт е применлив за спроведување на мерката поврат на 15 проценти од ДДВ за граѓаните, мерка што Владата на Република Македонија планира од јуни наредната година да ја спроведе како пилот проект во два региони, соопшти прес-службата на Владата на РМ.
Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев во Будимпешта ќе учествува на 6-тиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа.
Буџетот за 2018 година е 211,7 милијарди денари или 3,4 милијарди евра и треба да обезбеди најмалку 3,2 отсто пораст на домашниот бруто-производ (БДП), а буџетскиот дефицит е проектиран на 2,7 отсто со тенденција на опаѓање.