Во однос на второто тримесечје од 2017 година бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 0,7 проценти, во градско-приградскиот превоз за 21,1 отсто, во железничкиот превоз за 3,1 отсто, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 39,4 отсто.
Македонија во септември годинава вкупно потрошила 506.157 мегават часови електрична енергија, 13.336 милиони нормални метри кубни природен гас, 391.928 тони јаглен и 85.266 тони нафтени продукти.
Македонија нема ниту еден лиценциран туристички водич. Сите, засега 804 туристички водичи во земјава, работат со легитимација, а не со лиценца.
Претставниците на „Кунико“ се изјаснија дека немаат намера понатаму да го финансираат „Фени“, туку ќе го продадат за 1 долар на тој што ќе ги намири обврските кон банките и другите доверители.
Во 2016 година вкупната трговска размена меѓу Македонија и Бугарија изнесувала 639,4 милиони евра. Од нив 245,3 милиони евра отпаѓаат на извоз на македонски производи, а 394,1 милион евра се увоз од Бугарија
Лидерите и министрите за транспорт на државите од Западен Балкан на 6. и 7. следниот месец на средба со претставници на Светска банка и со Европската инвестициска банка ќе разговараат за финансирање на изградбата на железничкото поврзување на Македонија, Бугарија и Албанија на Коридорот.
Според него, Македонската асоцијација се движи со голема брзина, посебно во последниве три година и дека од мала организација стана важен партнер на централната администрација во Европската Унија.
АД ЕЛЕМ ќе ги поддржи младите иноватори од тимот „Свифт“ кои победија на натпреварот на НАСА во Македонија со изумот „сензор за мерење на сончева енергија“ и нивниот изум ќе го употреби во своите развојни проекти.
Македонија и Бугарија денеска потпишаа два договора за соработка во енергетскиот сектор.
Скопје и Софија ќе соработуваат и во заедничко објавување туристички промотивни материјали, во организација и учество на конференции, семинари и други туристички настани, како и во заеднички настап на трети пазари.