Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) бара средба со министерот Љупчо Николовски на која би се разговарало за долгорочни и краткорочни мерки за проблемите и предизвиците во јаболкопроизводството.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска изјави оти очекува дека нема да има потреба од ревидирање на предвидениот пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 2,2 отсто.
Во изминатите три месеци презедовме низа мерки, понудивме решенија и измени на закони – секој наш чекор беше исклучиво во интерес на земјоделците, затоа што развојот на земјоделството е еден од клучните приоритети на Владата.
Американската компанија за финансиски истражувања и анализи „Стандард и Пурс“ (Standard and Poor’s) потврдила дека кредитниот рејтинг на Македонија е ББ-, со стабилниот изглед, соопшти денеска Министерството за финансии.
Претходната влада потрошила повеќе од 31 милион евра од буџетот на државата за рекламирање на бизнис-потенцијалите на земјава во странски медиуми, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Поповолна оценка за економската состојба на фирмите во преработувачката индустрија во август во однос на јули годинава, како и споредено со август лани, изнеле раководителите на фирмите во анкетата за Државниот завод за статистика (ДЗС).
Македонија во моментов нема потреба од Стенд бај аранжман со Меѓународниот монетарен фонд. Со ММФ е договорено продлабочување на соработката пред се на техничко ниво преку технички мисии.
За да се надмине проблемот, потребно е да се зголеми минималната плата на најмалку 12 илјади денари, да се работи на сузбивање на сивата или неформална економија, како и работниците да имаат посилно синдикално организирање кое ќе се бори за нивните права.
Дваесет тони прехранбени производи од четири македонски компании ја сочинуваат првата пратка што тргна денеска од Македонија за Русија, договорена за пласман преку Македонскиот изложбено трговски дом лоциран во „Фуд сити“ во Москва.
Министерството за финансии на Македонија и Министерството за финансии на Холандија потпишаа Договор за меѓусебна соработка. Договорот е потпишан од министерот за финансии на Македонија, Драган Тевдовски и министерот за финансии на Холандија, Хероен Дајслблум.