Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев имаше средба со претставниците на синдикатот на вработените во Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, соопшти денеска неговиот кабинет.
Генералниот директор на АНА Михаил Псилос истакна дека во денешното дигитално време повеќе од 80 проценти од вестите кои се емитуваат се производ на различни новински агенции, а само 20 отсто се останати медиумски содржини.
Тринаесет македонски компании ќе се претстават на најголемиот прехранбен саем во Југоисточна Европа „Ворлд фуд 2017“, (World food 2017) во Москва, кој почнува денеска и ќе трае до 14 септември.
Вицепремиерот за економски прашања денеска изјави дека има компании кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија веднаш по објавувањето на владините мерки за индустриски раст и згомеување на конкурентноста на македонската економија.
Учеството на тендери во Македонија е право на секое правно лице кое ќе докаже со документација и со референти проекти дека може да ја изврши работата. Тоа право ќе го користиме секогаш кога ќе може да понудиме квалитет со соодветна цена.
Нема конфликт на интереси со компанијата „Фероинвест“. Не управувам со компанијата и како потпретседател на Владата не сакам да имам никаков бенефит од моето работење во Владата, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.
На прес-конференција во Владата, Анѓушев истакна дека е подготвена програмата за индустриски раст и зголемување на конкуретноста на македонската економија која, како што рече, ќе биде најавена во среда, а повеќе детали ќе бидат соопштени во четврток.
За само 100 дена Владата обезбеди 188,4 милиони евра грантови за подобрување на патната, железничката и комуналната инфраструктура, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица каде ќе оствари средба со раководството на рудникот.
Обезбедени се сите потребни средства, околу 70 милиони евра, за изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско. Сега се гради делницата од Фаришка до Дреновска кллисура, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.