На прес-конференција во Владата, Анѓушев истакна дека е подготвена програмата за индустриски раст и зголемување на конкуретноста на македонската економија која, како што рече, ќе биде најавена во среда, а повеќе детали ќе бидат соопштени во четврток.
За само 100 дена Владата обезбеди 188,4 милиони евра грантови за подобрување на патната, железничката и комуналната инфраструктура, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица каде ќе оствари средба со раководството на рудникот.
Обезбедени се сите потребни средства, околу 70 милиони евра, за изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско. Сега се гради делницата од Фаришка до Дреновска кллисура, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Министерството за финансии најави нов предлог-закон за буџет со кој ќе се воведуваат промени во среднорочното буџетско планирање, најави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Менаџментот на АД „ЕЛЕМ“ попладнево преку соопштение ги демантираше информациите за продажба на компанијата.
Тој предложил воведување директна авиолинија Скопје – Тел Авив, како и потпишување договор во областа на туризмот.
Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 63 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 64,50 денари, а еден литар „еуродизел“ и во наредните две недели ќе чини 48 денари.
МЕПСО ќе ја суспендира компанијата за снабдување „ЕНГ сервис трејд“ од пазарот за електрична енергија доколку во одреден рок не го плати заостанатиот долг од речиси 40 милиони денари, соопшти денеска менаџментот на МЕПСО.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави до 1 октомври треба да заврши прилагодувањето на броилата во домаќинствата за да може да стартува дневната евтина тарифа.