Од УЈП неодамна информираа дека работат на даночните реформи во делот на персоналниот данок на доход, што значи поедноставување на процедурите за пријавување и за плаќање на данокот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави нота до хрватското Министерство за земјоделство за стопирање на Правилникот за контрола при увозот на овошје и зеленчук донесен на 15 јули годинава.
Најави дека до крајот на денов ќе се знае дали ЕЛЕМ утре ќе објави тендер за продажба на вишоците на електрична енергија од околу 20 мегавати на слободниот пазар.
Јавниот долг според последните податоци на Министерството за финансии е намален за 0,3 проценти.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери 11. седница со една точка на дневен ред Дополнет предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година ја закажа за 1 август во 10 часот.
Владата попладнево ќе ја одржи својата седумнаесетта седница, со почеток во 15 часот, информираат оттаму. На седницата ќе се разгледа ребалансот на буџетот за кој заврши комисиската расправа.
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Според премиерот, државата од ДДВ годишно инкасира речиси една милијарда евра, а може и повеќе од 1,2 милијарди. Неплатени по основ на ДДВ се 300 милиони евра.
Народната банка на РМ на денешната седница на Советот констатира дека во второто тримесечје постојаната монетарна поставеност е соодветна, а ризиците во поглед на макроекономските проекции се слични како и во априлскиот циклус, но помали.
На заедничката средба Заев и владиниот економски тим, Комората побара и формирање посебна комисија за поплавените подрачја во Ченто.