Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари годинава се повисоки за 2,7 отсто на месечно и за 18,1 отсто на годишно ниво
Во четвртиот квартал на 2021 година, вкупните средства на останатите финансиски институции, достигнаа ниво од 165.579 милиони денари и се зголемија за 7.762 милиони денари на квартално ниво
Во Скопје денеска се одржа првиот Регионален младински саем за вработување, чија цел е придонес кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд
Македонија2025 објави повик за учество во проектот ЛИДЕР, кој по 14-ти пат ќе се одржи од 3-ти до 14-ти мај годинава во Скопје
Најзагрижувачки, пак, е фактот, оценува Исени, што поради неизвесноста од безбедносен аспект, може да дојде до драстично намалување на домашните и странските инвестиции.
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93 отсто.
Намалување на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, номинално за 1,4 проценти, а реално за 8,5 проценти во јануари годинава во однос на јануари лани евидентира Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2021 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 17,9 проценти, трошоците за материјали за 23 проценти и трошоците за вработените за 8.1 процент.
Тој истакна дека е клучно тоа што Македонија започна со трансформација на енергијата и во моментов се одививаат бројни проекти од таа област, од кои повеќето се финансирани од приватни инвеститори.
Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во јануари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,35 проценти.