Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната седница ги усвои сите шест предлог-закони од дневниот ред
При извршената проверка на резервоарите за мазут и на начинот на постапување со отпад, вклучително и со опасен отпад во „Топлана Исток“ на Балкан енерџи груп (БЕГ), Државниот инспекторат за животна средина утврди дека количеството на мазут што БЕГ има обврска да го набавува секоја година согласно Законот за енергетика е за 15-дневна потрошувачка
Туристичките агенции бараат итно продолжување на финансиската поддршка за плати, без изоставување на јануари и зголемување на капацитетите во автобусите
Државата во првата половина од годината планира да ја заокружи регулативата за спроведување проекти што ќе ја подобрат енергетската ефиканост и ќе се овозможат инвестиции во таа област во наредните пет години
Народната банка потсетува дека крајниот рок за доставување труд на Конкурсот за Годишната награда на Народната банка за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година е 1 февруари 2021 година
Собраниската комисија за финансирање и буџет како матична комисија денеска го усвои дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на повеќе категории на граѓани со кое се врши продолжување на рокот за искористување на средствата до 31 март годинава
Конференција „Визија за енергетска транзиција 2040“ ќе се одржи денеска на онлајн платформата ZOOM, како дел од активностите на проектот „Развој на програма за имплементација на Националната стратегија за развој на енергетиката“
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и ги исполнуваат основните правила и законски прописи од останатите онлајн продавници кои не се целосно усогласени или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија
Oд денеска почнува етапната исплата на јануарските пензии со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19
Претседателот Пендаровски, кој е покровител на програмата, порача дека се работи за млади луѓе кои ја заслужуваат и ќе ја оправдаат довербата, а на државата останува обврската да им овозможат услови на оние кои сакаат да останат во државата да ја добијат првата шанса тука.