Македонската градежна компанија „Адора инженеринг“ го преместува бизнисот од својата матична земја во Србија и Грција, пишува онлајн изданието на Српски Блиц.
Окупот на тутунот продолжува, отворени сите пунктови и има интерес за носење на родот, велат од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.
Како што изјавија на протестот, досегашните средби со министерот, премиерот и откупувачите не дале резултат, а на терен не се почитува договореното. Револтирани и незадоволни се, како што напоменаа, од ниската откупна цена и лошата проценка на родот.
Арсовска како претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, велат оттаму, активно работи на развој на македонската економија на национално и промоција на меѓународно ниво, како и на подобрување на надворешната трговска размена, со цел намалување на трговскиот дефицит и зголемување на економскиот раст.
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во саботата објави дека платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавачи кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од Ковид-19.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС98 и понатаму ќе се продава за 62,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар.
Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека нема да отстапи од барањето субвенциите за плати да одат директно на сметките на работниците.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира апликантите од 2020 година за финансиска поддршка преку ИПАРД 2 програмата, Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства “, дека во финална фаза е обработката на пристигнатите и комлетни барања
По неколкуте неуспешни средби со министерот за земјоделие и со премиерот Зоран Заев, тутунарите најавија дека заедно денеска ќе излезат на протест пред Владата од каде велат дека ќе побараат одговори за тоа како ќе се решава нивниот проблем.
Загуби од 22 до 40 проценти во првиот квартал и пад на профитот за 40 до 60 отсто, забавени производни активности поради ограниченото работно време и движење, затворање на вообичаените канали за продажба, несигурен пласман и проблеми со откупот, се само дел последиците што ги предизвика КОВИД-пандемијата во македонското земјоделство