Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот денеска ќе одржи онлајн работна средба на тема „Брендирање на текстилни компании во Република Македонија“
Откупот на тутунот продолжува, но според производителите, проблемите не се надминати. И натаму проценката на родот не е реална.
Вкупниот раст на депозитите во ноември на годишна основа изнесува 6,3 отсто, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“ и на корпоративниот сектор (вкупен раст од 24 милијарди денари, од кои 10 милијарди денари раст кај корпоративниот сектор и 14 милијарди денари раст кај секторот „домаќинства“).
Супермаркетот Тинекс во Струмица располага со вкупна површина од 980м2 и е опремен со повеќе различни содржини како модерна пиљара, месарница за свежо месо и сувомесно и млечни деликатеси, пекара, винарија со голем избор на пијалаци и уште многу други содржини.
Фондацијата Метармофозис, преку проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“, ко-финансиран од Европската Унија додели 15 субгрантови преку првиот циклус од грантовата шема за мали грантови ЛОТ 1: Доделување на субгрантови за центри за поддршка на е-Влада
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на средба со новоименуваниот француски амбасадор во државава Сирил Бомгартнер најавил дека следната година кај нас ќе има силен инвестициски циклус во проекти во железничката инфраструктура и упатил покана до заинтересираните компании од Франција за учество на претстојните повици
Владата потсетува дека граѓаните, кои ќе добијат 6.000 денари еднократна поддршка, може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања
Европската инвестициска банка (ЕИБ) и групацијата ПроКредит се договорија за нова кредитна линија од 65 милиони евра за поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) на Западен Балкан и за забрзување на нивното закрепнување од кризата со КОВИД-19
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 отсто
Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ во изминатите два викенда организираше два хакатона (#ReFRESH: Agriculture & Tourism)