Управата за јавни приходи во текот на оваа недела треба до Генералниот секретаријат на Владата да го достави прочистениот список на оние кои добиваат финансиска поддршка од 6.000 денари за купување домашни произоди, со цел да се направи соодветна објава.
Работодавачи кои поднеле и добиле финансиска поддршка за исплата на плата на вработените за октомри, во рамки на четвриот пакет мерки, не ја исплатиле платата на вработените.
За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, а Еуросупер БС-98 за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Владата на 29. седница донесе одлука за зголемување на почениот капитал на Развојна банка на Македонија за три милиони евра. Целта на зголемувањето на капиталот е зголемување на поддршката на приватниот сектор, а особено поддршката на извозот во услови на отежнато работење на домашните компании
Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година, потсетува Министерството за економија
Во осум часот утрово продолжи откупот на тутунот. Утре се очекува да бидат отворени сите пунктови
На сметките на 658 производители кои се занимаваат со органско земјоделство денеска се исплатени вкупно 91,6 милиони денари, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Независна угостителска комора (НУК) достави званично барање до комисијата за заразни болести за учество на угостителите во понеделничкиот работен состанок по повод најавата за целосен lockdown или нови рестриктивни мерки наменети за работењето на угостителските објекти.
На среден рок се проектира просечната стапка на економски раст да достигне 5%, невработеноста да се намали на 12,4%, додека стапката на вработеност да се искачи на 52,1%.
Владата на денешната 29-та седница донесе Одлука за зголемување на почетниот капитал на Развојната банка на Македонија АД Скопје.